ВОЗИЛОТО Е НЕОТУЃИВА СОПСТВЕНОСТ НА ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА И НАЕМНИКОТ НЕ ДОБИВА ДРУГИ ПРАВА ОСВЕН ТИЕ КОИ МУ ГИ ДАВА НАЕМНИОТ ДОГОВОР.

1. Управување со возилото – Возилото може да го возат лица постари од 21 година, кои имаат возачка дозвола минимум 2 години, кои се наведени како возачи во наемниот договор. Сите останати лица немаат право да управуваат со возилото.
2. Наем на возилото – Возилото го превзема наемникот со склучување на наемниот договор. Со потписот на договорот, потврдува дека се согласува и дека ги прифаќа општите одредби и услови. Со потписот на формата за состојба на возилото, прифаќа дека го добива возилото во исправна состојба со целосна опрема. Наемникот е должен да го врати возилото во предвидениот рок, кој е наведен на договорот во деловницата од која го зел возилото.
3. Опомена – Изнајменото возило не смее да се користи/употребува:
1. За платен превоз на лица и стока;
2. Ако лицето кое го склучило договорот дало лажни податоци;
3. За било кои натпреварувања, брзинска проба или трки;
4. Под влијание на алкохол, средства за смирување, наркотици, средства за спиење и др. лекови;
5. Кога возилото не е во возна состојба или е претоварено, прекубројни патници или багаж, измината регистрација или од било која причина кога возилото не е технички исправно;
6. Надвор од категоризираните раскрсници;
7. Одредените услови, забрани и препораки кои се однесуваат на употребата на возилото во одредени држави или региони, наемникот треба да ги почитува и да ги усогласува со условите пропишани во договорот. ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДООЕЛ СТРУМИЦА, одбива одговорност за било каква загуба или оштетување кое настанало со непочитување на на горните забрани.
4. Одговорност на наемникот за штета – Наемникот одговара за целата штета на возилото, делови, додатна опрема која не се признава по условите и одредбите на Каско осигурувањето. Наемникот одговара исто така и за штетата која би настанала на возилото, деловите и додадната опрема од несоодветна употреба, како и при неодобрена замена на делови или опрема или при замена на новите делови со стари или со неоригинални делови. Наемникот се обврзува секоја константирана штета надвор од одредените услови, да ја подмири по добивање на рачунот доставен од ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА.
5. Плаќање на фактурата – По завршување на наемот, се прави обрачун и се изработува фактура. Наемникот е должен да ја подмири фактурата во рок од 8 дена по приемот на истата, ако фактурата не е платена во предвидениот рок, се пресметува затезна камата во склад со законските камати, освен ако во договорот не е договорено поинаку.
6. Продолжување на наемот – Кога наемникот сака да го продолжи наемот, мора да ја извести деловницата минимум 1 ден порано, доколку не го стори тоа ќе се смета дека противправно го присвоил возилото и ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА ќе го пријави во Обвинителството. Во случај да наемникот го враќа возилото после датумот наведен при склучување на договорот, а во текот на наемот дошло до промена на цените, се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден да се врати возилото освен ако не е поинаку предвидено со договорот.
7. Километража – Бројот на извозените километри се утврдува според фабрички вградениот бројач на км.
8. Гориво – Горивото не е вклучено во цената на наемот, возилото се издава и се враќа со полн резервоар на гориво, во случај на кусок на гориво истото ќе биде наплатено.
9. Одржување – Наемникот се обврзува дека ќе се грижи за возилото и дека редовно ќе го контролира нивото на масло во моторот, автоматскиот менувач ако истиот постои, водата во ладилникот, акумулаторот како и правилниот притисок во гумите. Маслото мора да се менува на секои 15.000 км. Трошоците ќе му се признаат, ако приложи фискална сметка или фактура од дотичната фирма. Наемникот е должен да ги плати сите оштетувања од недоволното или несовесно одржување на возилото.
10. Дефекти – Поправки или замена на делови може да се врши само во овластени сервиси со претходна согласност од деловницата. Трошоците ќе бидат рефундирани при приложување на фискална сметка или фактура во денарска противвредност по среден курс на НБМ на денот на обрачунот на договорот. Во случај на замена на деловите, наемникот е должен истите да ги приложи во деловницата при враќање на возилото. Во случај да поправката е направена во странство и покрај претходната согласност од деловницата наемникот е должен при премин на границата да го завери рачунот и да го пријави делот, ако поправката е извршена во странство во овластен сервис без согласност на ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА по враќањето на возилото, висината на рефундирањето е според проценката на ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДООЕЛ СТРУМИЦА во противредност на денари според средниот курс на НБМ на денот на обрачунот на договорот, ако поправката е направена надвор од овластен сервис без претходна најава и добиена согласност и без приложена фактура трошоците не се признаваат. При враќањето на возилото ако се константира дека било кој дел од возилото, опремата и додатната опрема е изгубен истиот ќе биде наплатен по ценовникот на овластениот сервис.
11. Документи и клуч – Сите возила се опремени со потребните документи како и документи за премин на границите, а за истите одговара наемникот, во случај на губење на документите или на клучот, истите ќе му бидат наплатени на наемникот според цена на вадење на нови или според ценовникот на овластениот сервис.
12. Осигурување на патници – Сите патници се осигурани според важечките тарифи на осигурителната компанија.
13. Осигурување на возилата – Сите возила во сопственост на ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДООЕЛ СТРУМИЦА се осигурани против одговорност од штета од трети лица со одбитна франшиза, осигурителната компанија ја покрива штетата која ја направило возилото до одредениот осигурителен износ кој е одреден со закон на денот на случување на штетата. Наемникот ја покрива штетата до висина на одбитната франшиза, осигурувањето не го покрива долниот дел од возилото и сите делови што се наоѓаат на него (корито за масло, картер итн…) како и гумите, брисачите, ретровизорите и антената, за сите овие делови штетата ја сноси наемникот.
14. Осигурување од кражба – Сите возила во сопственост на ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА се осигурани од кражба со одбитна франшиза и во случај на кражба на возилото наемникот учествува во висина на одбитната франшиза.
15. Незгоди – За секоја незгода, мора да се извести деловницата и најблиската полициска станица и да се пополни полицискиот формулар, да се запише регистрацијата на другото возило како и неговата осигурителна компанија. Наемникот се обврзува дека ќе соработува со ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА во истрагата и постапката после настанување на незгодата, доколку не е запазена горенаведената процедура наемникот сам ќе ги сноси трошоците произлезени од незгодата.
16. Важност и промена на наемниот договорт – Наемниот договорт стапува во сила со потпишувањето на двете договорни страни, истовремено стапува во сила и потпишаниот формулар за состојба на возилото и неговата опрема. Ниедна одредба или услов од наемниот договор и неговите придружни договори/формулари, не може да биде променета без согласност на ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА.
17. Вработените во ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДОО СТРУМИЦА имаат право во секое време да ги контролираат возилата и ако утврдат дека се прекршени правилата/одредбите од договорот се овластени да извршат одземање на возилото и обрачунот ќе се направи на денот кога истото е вратено во деловницата.
18. Наемникот сам одговара за сообраќајните прекршоци за време на наемот како и за штетата што би настанала за времетраење на истиот а за која осигурителната компанија од било која причина не ја покрива штетата.
19. Во случај на спор надлежен е судот во Струмица.
20. Дефинирање на термините – Сопственик на возилото кое е предмет на наемниот договор е ДПТУ “ЕУРО СКАЛА” ДООЕЛ СТРУМИЦА ул.Братство Единство бр1/1-1 Струмица.
Наемник – Лице кое го зело возилото во наем по наемен договор и се обврзало да ги подмири сите трошоци од наемот.
Возач – Лице кое физички управува со возилото и кое е запишано како возач во наемниот договор, сите останати немаат право да управуваат со возилото.

КОРИСНИК ЕУРО СКАЛА